Кошаркарите на АВ Охрид го продолжија стопроцетниот ефект во Втората лига совладувајќи го Тетекс со 102-58 (28-17, 19-17, 28-14, 27-20) во 14-та рунда од шампионатот.
После овој убедлив триумф на „галебите“ за теоретски пласман во кошаркарска елита ги дели уште една победа во преостанатите четири мечеви.
Пулените на Петар Чочороски доминираа од првиот до последниот миг на теренот што им овозможи лесен „тренинг“ триумф.
Сите кошаркари кои добија шанса на мечот се запишаа во листата на стрелци. Со двоцифрен број на поени мечот го завршија Донески (17), Бојоски (12), Димовски (18), Бранко Јанески (13) и Арсоски (10).
Кошеви за охридскиот состав постигнаа уште Ристески (7), Младеновиќ (5), Виларов (2) и Узоноски (8), а на натпреварот иако беше во ростерот на настапи Славиша Јанески.
Најпрецизен во гостинскиот состав беше Костовски со 18 поени, Момировски реализираше 15, а Ценовски застана на девет.
Во следната 15-та рунда охриѓани гостуваат во Скопје, а противник ќе им биде второпласираниот тим на табелата Вардар.
Мх.П.