Со убедливи 41-20 (23-8) охридските ракометари го совладаа тимот на Текстилец во четвртата рунда од плејаутот во Супер лигата.
Ракометарите на Охрид на дуелот со Текстилец, кој повеќе наликуваше на тренинг не си ни испотија за победата, која е трета во разигрувањето.
Во главно избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски постигнуваа голови од контра напади затоа и стигнаа до 41 погодок.
Со овој триумф охриѓани завршија на првата позиција на табелата по првиот круг во плејаут лигата, а вториот го започнуваат против Работнички пред своите гледачи.
Р.К. Охрид : Пецаков, Трифуноски 3, Вешоски 2, Б. Белевски 8, Новаковиќ, Поп-Стефанија 3, В. Белевски 3, Анѓелкоски 2, Костов 5, Левов, Тасески 2, Печенковски 2, Караиванов 2, Андоновски 3, Соколов 6, Колев.
Р.К. Текстилец : Василев 1, Јованов 3, Мицев 4, Јаџјајов, Јованов 1, Чмрлец 2, Кипријановски, Карафилоски 3, Данов 2, Гичев 4.
Мх.П.