Тоа го зголемува притисокот меѓу македонските репрезентативци, кои се свесни што ќе добијат, но и што ќе загубат ако не ја остварат целта.
Македонската репрезентација синоќа го одржа последниот тренинг пред вечерашниот дуел. Катанец го има планот како да се игра против Исланд, кој како и ние се надева на бодови.
Во нашиот табор има една непозната . Брзоногиот Ацо Стојков или корпулентниот Стевица Ристиќ се можните кандидатите да го заменат суспендираниот Илчо Наумоски во нападот.
Во нашата група покрај овај се игра уште натпреварот помеѓу Норвешка и Холандија во Осло.