Натпреварот со Бенфика во петтата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони ќе биде последна прилика за хрватскиот стратег на клупата од минхенски Баерн. „Баварците“ под водство на хрватскиот стручњак бележат резултати под очекувањата, а капак на се беше ремито со Фортуна Дизелдорф на домашен терен во Бундес лигата.
- Во вторник на домашен терен играме меч против Бенфика во Лигата на Шампиони. На клупата тогаш сигурно ќе биде Нико Ковач, а за понатаму не сме сигурни. Ќе направиме анализа и ќе видиме дали ќе продолжиме со соработката. – изјави Ули Хенес, првиот човек на германскиот фудбалски клуб.
Германскиот весник „Билд“ пренесува дека атмосферата во соблекувалната воопшто не е сјајна и ѕвездите во екипата го кренале гласот против Ковач. Тренерот ја ужива довербата на управата, но многу веројатно дека кикс против Бенфика нема да му простат.
За наследници на Ковач се споменуваат франзуците Арсен Венгер и Зинедин Зидан и Ралф Хазенхунт кој беше на клупата од Лајпциг.
OhridNews