Поради активности на сениорската и младинската селекција на Фудбалската федерација на Македонија изврши промена во терминот за одигрување на натпреварите од 1/16-финалето од купот на Република Македонија во организација на ФФМ.
Натпреварите од 1/16 финалето од купот на Р. Македонија во организација на ФФМ што требаше да се одиграат на ден 10.08.2011 година ќе се одиграат на ден 17.08.2011 година со почеток во 17 часот.
Охрид Лоте на домашен терен ќе го пречека актуелниот првак Шкендија на домашен терен. Во оваа фаза од натпреварувањето се игра само еден натпревар.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com