Без присуство на публика ќе се одигра натпреварот од 9 коло од плеј-офот во ракометната Супер лига помеѓу Вардар и Охрид, што на програмата е во четврток, 13 април.

Причина за ова е казната што Ракометната федерација му ја изрече на Вардар поради инцидентите на дербито со Пелистер. Вардар два меча на домашен терен ќе игра без публика, а заедно со Пелистер ќе инкасираат по 150 000 денари во касата на РФМ, поради неспортското однесување на навивачите.

Г.М.