Натпреварот од втората рунда меѓу вториот состав на Металург и охридскиот ракометен клуб во Супер лигата љубителите на ракометот можат да го проследат во живо на официјалниот сајт на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).


Пренесувањето во живо на мечевите ширум Македонија е новост од оваа сезона на РФМ која прави се за афирмација на ракометот.

Ракометарите на Охрид во Автокоманда ја бркаат првата победа и поправање на лошиот впечаток оставен во првиот натпревар од Супер лигата.

Линк за следење во живо за мечот Металург 2 – Охрид кој почнува во 12 часот има ТУКА.

Ohridnews