Финалето на Австралија опен меѓу Ешли Барти и Даниел Колинс (6:3, 7:6) го собори рекордот по гледаност на телевизија во Австралија, објави „The Age“.
Според австралискиот весник, бројот на гледачи на вчерашното женско финале изнесувал 4,261 милиони, а националниот просек бил 3,577 милиони.
Дуелот кој е најгледан во историјата на Грен слемот во Мелбурн, ја следеа нешто повеќе од три милиони гледачи од пет поголеми градови во Австралија. Во исто време, просечната публика на доделувањето на наградите (2,838 милиони) меѓу гледачите беше поголема од онаа на самиот натпревар.
Рекорден рејтинг имаше и завршната средба во машки двојки меѓу австралиските тенисери Ник Кирјос и Танаси Кокинакис и нивните сонародници Метју Ебден и Макс Персел (7:5, 6:4).
Според „Nine“, публиката на овој меч била 3,154 милиони, со национален просек од 2,297 милиони. Ова се највисоките бројки за финале во машки двојки во историјата.
Да потсетиме дека денес, 30 јануари со почеток во 9:30 часот, ќе се одигра машкото финале на Австралија опен, во кое ќе играат Русинот Даниил Медведев и Шпанецот Рафаел Надал.
OhridNews