Канадските полицајци не можеле да пријдат на една плантажа со марихуана крај езерото Кристина. Меѓутоа набрзо откриле дека десеттината мечки кои ја чуваат, всушност, не се агресивни. Напротив, биле многу мирни. Криминалците најверојатно ги намамиле со храна за кучиња, па навикнале да живеат меѓу луѓе. Ако се докаже дека е така, ќе мора да ги успијат.


 На плантажата имало 2 300 стебла марихуана. Полицајците уапсиле двајца од производителите.
– Мечките беа навистина мирни, само стоеја и не гледаа. Една од нив  дури и седна на хаубата од автомобилот – изјавил еден од полицајците.