Неколку станари од една зграда во романскиот град Брасов морале присилно да останат во своите домови после блиската средба со мечка и нејзиното мало мече, кои во потрага за храна се качиле на трет кат од станбена зграда, објавила терлевизијата Ралитета ТВ.


Мајката и нејзиното младенче биле успиени и префрлени во градската зоолошка градина, а оттаму после неколку денови, биле пуштени во блиската шума, објавиле надлежните власти.

Сведоци пак тврдат дека не е реткост да се видат мечки како се спуштаат во градовите на Карпатите во потрага за храна меѓу отпадот. Еден најснаодлив мечок низ прозорец влегол во санаториумот во Предеал и таму бил пронајден, заглавен со главата во садот од кој лакомо ја јадел храната.