Ракометниот клуб Металург е вториот македонски спортски клуб по ФК Победа, за кој е поведена истрага за лажирање на натпревар. По интерната истрага спроведена во Европската куќа на ракометот на тапет се најдоа шест натпревари на кои сметаат дека имало обид за влијание врз судии и делегати.


Еден од тие натпревари е и мечот одигран на 8 Ноември во Скопје помеѓу Металург – Барселона.

Еве ја листата на натпревари кои се под лупата на Арбитражниот суд на ЕХФ.

ЛШ: Лада Толјати – Слагелсе, одигран на 21 јануари 2006
КПК: Чеховски Медведи – Валјадолид, одигран на 29 април 2006
ЛШ: Лада Толјати – Виборг, одигран на 25 март 2007
ЛШ: Звезда Звенигород – Хипо, одигран на 17 мај 2008
ЛШ: Металург – Барселона, одигран на 8 ноември 2008
Бараж за СП 2009: Романија – Црна Гора

OHRIDNEWS