Една мечка спречила тројца Албанци во обидот илегално да ја преминат грчката граница, бидејќи ги нападнала бранејќи ги своите младенчиња. Инцидентот се случил во планинското подрачје додека емигрантите одмарале од долгото пешачење.

Мечката која се шетала во близина со своите млади нападнала еден од Албанците, кој завршил во болницата во Флорина со гребаници на главата и рамото.