Федералната полиција го пронашла Рори Нелсон Вагнер, осуден за убиство и пуштен на условна слобода, мртов во неговиот автомобил на југот на Британска Колумбија во Канада. Кога ја почувствувала миризбата на телото, една мечка го превртела автомобилот во кој се наоѓал мртвиот Рори и го распарчила неговото тело.
Рори веќе бил мртов кога мечката го открила. Полицијата ги пронашла остатоците од телото во грмушките на 120 метри од возилото. Во автомобилот биле пронајдени алкохол и лекови. Истражителите побарале аутопсија. Властите одлучиле мечката, која во меѓувреме била фатена, да се убие како би се заштитиле жителите на оваа рурална област.