Иако ја преживеа првата ноќ по страотниот пад од петти кат Робертина Мечевска се уште се наоѓа во критична состојба и е во животна опасност.


Македонската репрезентативка се бори за живот во клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување поради многуте повреди и скршеници.

– Пациентката е во тешка и критична состојба, приклучена е на апарати за дишење. Има многу скршеници по телото и нагмечени бели дробови – изјавија од скопската болница.

На ракометарката на Вардар и беше направена една операција по кои и беа санири повредите на стомакот.

Ohridnews