Натпреварите во двете Втори лиги ќе стартуваат во втората половина од август, односно на 21 август, пренесува „СпортМедиа“.

За прв пат после една деценија Охрид ќе има два свои претставници во западната конкуренција. Дел од Втората МФЛ е Фудбалскиот клуб Охрид и Воска Спорт, која по пат на бараж се стекна со второлигашки статус.

Последно, Охрид две екипи имаше во 2010/2011 година кога дел од Втората лига беа Охрид 2004 и Охрид Лоте. „Рибарите“ таа сезона изборија влез во елитата, додека Охрид Лоте следната сезона испадна и згасна.

Охрид и Воска Спорт активни се на трансфер пазарот и сигурно нема да играат епизодна улога во Втората лига.

„Рибарите“, минатата сезона, пропуштија одлична шанса да влезат во Првата лига, претрпувајќи драматичен пораз од Ренова на пенали во баражот.

Покрај Охрид и Воска Спорт дел од Втората лига ќе бидат Вардар, Силекс, Гостивар, Кораб, Велешта, Кадино, Тетекс и Беса.

OhridNews