Натпреварите од Првата и двете Втори лиги, кои се викендов на програмата ќе се одиграат в сабота, одлучи Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Ваквата одлука е очекувана и традиционална кога се однесува за викендот каде е големиот христијански празник Велигден.

Во македонска фудбалска елита ќе се одиграат мечевите од 31-та рунда, додека во Втората лига запад и исток на програмата се натпреварите од 25-та рунда.

И овој викенд, како и минатиот, ФФМ ќе плати потребните ПЦР тестови за клубовите и службените лица, кои ќе бидат дел од мечевите.

Натпреварите во Првата и двете Втори лиги ќе стартуваат во 13 часот.

OhridNews