Неделата исполнета со елитен клупски фудбал ќе ја заокружат екипите кои учествуваат во најмасовното натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.
Нокаут фазата во ЛЕ започнува со 1/16 финалето, а ждрепката донесе неколку интересни пресметки кои во минатото се среќавале и во Лигата на Шампиони. Од поинтересните двомечи за издвојување се средбите помеѓу Галатасарај – Бенфика, Лацио – Севиља, Олимпијакос – Динамо Киев, Селтик – Валенсија, Спортинг Лисабон – Виљареал.
Мечевите од Лигата на Европа се играат во два термини. Првиот е 18 часот и 55 минути, додека вториот е во 21 часот. Натпреварите во 1/16 финалето започнаа во вторникот кога се одигра првиот дуел помеѓу Фенербахче – Зенит. Домаќините славеа со минимални 1-0.
Двојки: БАТЕ Борисов – Арсенал (18:55ч), Краснодар – Баер Леверкузен, Галатасарај – Бенфика, Лацио – Севиља, Олимпијакос – Динамо Киев, Рапид Виена – Интер, Рен – Бетис, Славија Прага – Генк, Селтик – Валенсија (21ч), Клуб Бриж – Салзбург, Цирих – Наполи, Малме – Челси, Шахјтор Доњецк – Ајнтрахт Франкфурт, Спортинг Лисабон – Виљареал, Викторија Плзен – Динамо Загреб
OhridNews