Со натпреварите од Купот започнаа возбудувањата во Општинската фудбалска лига. Пласман во следната рунда обезбедија Вулкан, Дебрца, Лакочереј и Св. Петар победувајќи ги Рудар, Славеј, Вапила односно Лешани.

Во следната рунда силите ќе ги одмерат Дебрца – Св. Петар и Вулкан – Лакочереј. Во втората двојка екипата домаќин ќе се одлучи по пат на ждрепка. Подобрите од овие два натпревари ќе се сретнат меѓусебно, а победникот ќе им се приклучи на Охрид, Сатеска и Воска во 1/2 финалето.

Резултати: Вулкан – Рудар 5-2, Славеј – Дебрца 1-1 (6-7 пенали), Лакочереј – Вапила 3-0, Св. Петар – Лешани 3-0

OhridNews