Јапонски научници направиле мече кое зборува, а целта му е да им помогне на возачите да најдат пат низ сообраќајната гужва или да ги предупредат на опасност.
Фирмата „Xs Research Corporation“ го промовирала мечето пред јавноста оваа недела, а се очекува на продажба да излезе наредната година.
Помошникот на возачот ќе мавта со рацете и главата покажувајќи го правецот на движење. Интересно е тоа што мечето има и сигурносни опции. Ќе ги предупредува возачите ако имаат пиено алкохол или при нагло кочење или забрзување.