Фени Индустри вечерва (почеток 19.30 часот) ја има првата меч-топка и тоа на домашен паркет, во салата „Јасмин“, против Фершпед Работнички.
За пласман во финалето на плејофот во кошаркарското првенство на Македонија на “лозарите“ потребна им е уште победа во серијата “подобар од пет“ во која имаа предност од 2-1 .

Пред празни трибини но со директен преност пред очите на јавноста МЗТ ФОН Универзитет ја пречекува Струмица при водство на „чушкарите“ од 1-0.
Средбата се игра во (18 часот МТВ Пренос), а во салата „Јане Сандански“ ќе нема публика. За „штрковите“ ова ќе биде трет и последен меч без присуство на публика. Струмичани на денешниот натпревар ќе бидат ослабени со неиграњето на Дамир Латовиќ и Тони Грнчаров, кои се суспендирани поради инцидентот од полувремето на првиот дуел кога во соблекувалната на гостите на Јане Петровски му беше скршен носот.

ohridnews