Согласно Одлуката на Владата донесена на 16-ти март 2020 година за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворен денеска 18-ти март, од полноќ, за патнички летови, сè до следното известување, информира ТАВ Македонија.

Како аеродромски оператор ги информиравме сите авиокомпании и засегнати страни за оваа одлука, додека М-НАВ ја објави истата во НОТАМ – авијациски документ кој ги информира сите авиопревозници за важни и итни пораки.

Во престојниот период, на Меѓународниот Аеродром Скопје нема да има патнички летови, освен државни, воени, хуманитарни, медицински, санитарни и карго летови.

Тав Македонија

До затворањето, авиосообраќајот ќе се одвива според распоредот на летови кој патниците можат да го проверат на веб-страница http://skp.airports.com.mk/.

OhridNews