Меѓународна конференција „Објективот на младите за мир и помирување“ ќе се одржи од 13-ти до 15-ти ноември 2022 година во Охрид. Организаторите информираат дека конференцијата ќе биде отворена со ставот на младите „Доволно време градевме мостови во регионот, сега е време за користење на тие мостови. Ајде да преминеме од другата страна на мостот“.

Конференцијата е клучен настан на проектот „Резилиентен мир – глас за младите“ чија цел е да се посвети внимание на улогата на младите во помирувањето и соработката на повеќе нивоа и блиските региони кои моментално се изложени на ризик од конфликт. Младински сојуз – Крушево, заедно со своите партнери, а со поддршка од Амбасадата на САД во Северна Македонија се залага за социјално кохезивни општества насочено кон младите и градење резилинтност кон идни конфликти во регионот и Европа, велат од Младинскиот сојуз.

На конференцијата ќе учествуваат над 60 млади луѓе од регионот на Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово), и истите ќе дискутираат и разменат своите ставови со амбасадорката на САД Н.Е. Анџела Прајс Агелер.

OhridNews