Меѓународна едриличарска регата во организација на Здружението за спортско едрење Акватика Јахтинг, а под покровителство на Едриличарската федерација на Република Македонија и Општина Охрид ќе се одржи денес и утре во Охрид.
Свеченото отворање е денес со почеток во 10:00 часот на плажа „Горица 1“ – „К’j Дивоно“ со регатно поле во Охридскиот залив.
Регатата ќе се одржи во класите Optimist, ILCA 4 и 470, а учество ќе земат учесници од клубовите JK „Палич“ од Палич, Србија, JK „Панонија 1975“ од Бела Црква, Србија, ЈК „Смедерево“ од Смедерево, Србија, ЦСЈЦ „Централ Софија Јахт Клуб“ од Софија, Бугарија, ЕК „Снегар“ од Струга и домаќинот „Акватика Јахтинг“ од Охрид, информирматираат организаторите.
OhridNews