Викендов 31 август и 1 септември во хотелот Метропол во Охрид ќе се одржи 10-тиот јубилеен Охридски езерски куп во мечување. На меѓународниот турнир ќе учествуваат ветерани, деца и младинци од Романија, Србија, Хрватска, Унгарија, Русија, Полска, Финска, Франција, Англија, Бугарија и секако од Република Северна Македонија.
Целта на овој меѓународен турнир е да се популаризира мечувалечкиот спорт кај детската и возрасната популација и афирмација на Македонија како туристичка и спортска дестинација.
Оваа година, од 1 септември за прв пат се воведува Европски куп за ветерани, а нашиот турнир е првиот според кој ќе се брши бодувањето за учество на Европскиот куп. На Охридскиот езерски куп годинава ќе учествуваат еден двократен европски шампион и еден светски шампион во мечување.
OhridNews