Теквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец/Охрид на 22 јуни во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе организира Меѓународен теквондо турнир „Охрид Опен 2019“. Учество на турнирот во Охрид имаат најавено клубови од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Австрија а организаторите на турнирот очекуваат да продефилираат од 200 до 250 натпреварувачи.

  • Турнирот ќе биде голем предизвик за нас, бидејќи долго време немаме организирано турнир од ваков вид и карактер. Но со искуството кое го имаме од учеството на турнири и поддршката од нашиот генерален спонзор ПН Метал веруваме дека ќе ги исполниме сите критериуми. – изјави првиот човек на клубот Марјанчо Лазаревски.

Турнирот свечено ќе го отвори Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. Судењето на турнирот во Охрид ќе биде електронски и ќе го води Вергилиј Ситнилски – црн појас VI дан. Борбите и сите случувања околу турнирот ќе бидат емитувани во живо благодарание на Стојан Стојановски.

OhridNews