Мејкап артистката, охриѓанката Мери Бајрамовска прогласена за инфлуенсерка на годината на шестото по ред издание на манифестацијата „Жени претприемачки“.
Во рамки на манифестацијата беа доделени наградите за „Жена на годината 2023“ во вкупно 10 категории.
Ова награда ми преставува голема чест и поттик за понатамошен успех бидеќи, не е доволна само моќта на тоа што го работите туку треба некој и да го препознае тоа, вели Бајрамовска.
Во категоријата во која учествуваше Мери, во финалниот избор влегоа уште четири други дами.
Мери веќе една деценија успешно чекори во светот на убавината и ги следи најголемите трендови. Нејзината уметничка работа, која всушност и е хоби, на социјалните мрежи ја следат над сто илјади луѓе.
OhridNews