Изминатиот викенд во С.Р.Ц. “Билјанини Извори” Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид го организираше меѓународниот Таеквон-до ИТФ турнир “ ОХРИД ОПЕН 2023”, на кој учество зедоа околу 200 натпреварувачи од 24 клуба од Чешка, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија,Албанија и Македонија.

Изразувам благодарност на нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен што стигнавме до овај степен да можеме да организираме натпревар од ваков калибар, а воедно и најзаслужен за одличната организација на истиот турнир. Исто така благодарност до Општина Охрид што несебично ни помогна да го организираме овој турнир, благодарност и до Агенцијата за млади спорт, која со признавањето на нашиот спорт, почна да ги вреднува нашите успеси и да ни помага. Истотака благодарност на сите што го  помогнаа турнирот, родители, пријатели и други, истакна Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан и претседател на Македонската традиционална таеквон-до федрација, инаку поранешен светски вицешампион Прага’96.

На турнирот кој со присуството го удостоија градоначалникот на Охрид Кириул Пецаков и првиот човек на агенцијата за спорт и Млади, Наумче Мососки, присуствуваа високи гости, меѓу кои Мастер Марио Богданов носител на црн појас VIII дан, потпретседателот на ИТФ и претседател на Бугарската ИТФ федерација. Тој специјално и врачи плакета на Христијана Парулеска за постигнатиот историски успех на Европското првенство во Јесоло-Италија. Во Охрид беше и Мастер Емин Дураковиќ носител на црн појас VIII дан, претседател на судискиот комитет за Западна Европа.

Организацијата беше на највисоко ниво, направивме натпревар што ретко некој во Македонија може да се пофали дека направил, по сите највисоки светски ИТФ стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите податоци, а за судиската екипа беше задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ, претседател на судискиот комитет за Источна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, кој со своето искуство помогнатурнирот да протече без никаков застој, информиура организаторот.

Најтрофеен клуб на турнирот беше Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид, осовјувајќи 3 пехари за најдобри поединци, 9 златни, 12 сребрени и 21 бронзени медали.

За најдобари клубови беа избрани: 1 место: Тим Србија, 2 место: Хваранг Фист, Охрид, 3 место: Српски Соко, Зворник БиХ.

OhridNews