Побарувачката за авио-превоз во светот до крајот на ноември 2023 година надмина 99 отсто од нивото од претпандемиската 2019 година, а обемот на авио-сообраќај се зголеми за 29,7 отсто само во ноември во однос на истиот месец во 2022 година. објави Меѓународната агенција за воздушен транспорт (ИАТА).

Меѓународниот авио-сообраќај забележа најголем раст во азиско-пацифичкиот регион, за 63,8 отсто, но позитивен напредок е забележан во сите региони во светот.

Во Европа побарувачката за летови е зголемена за 14,8 отсто во однос на ноември 2022 година.

Брзото закрепнување на светскиот авио -сообраќај од пандемијата на коронавирусот покажува колку е важен овој начин на транспорт за луѓето и бизнисите, рече генералниот директор на ИАТА, Вили Волш.

OhridNews