Женскиот стрелачки клуб „Лихнидос“ од Охрид по втор пат оваа година организира Меѓународен турнир Гранд При „Лихнидос“ под покровителство на Општина Охрид и Македонската спортска стрелачка Федерација. Турнирот ќе се одржи на 15 септември на стрелиштето Бејбунар во Охрид.
Целта ние е продолжување на туристичката сезона, промоција и презентација на градот и збогатување со нова содржини, со што би се привлекле повеќе гости, како од државава, така и од регионов, велат од ЖСК „Лихнидос“.
Посочуваат дека активните членови на клубот, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво може да земат учество на Вториот отворен турнир во спортско стрелаштво со огнено оружје- пиштол и револвер, како и малокалибарска пушка со оптички нишан на 50 и 100 м.
На турнирот учесниците ќе се натпреваруваат во 4 дисциплини: пиштол, револвер – 25м., проба: 5мин (неограничен број куршуми), меч: 10 минути (10куршуми) и во пушка(мк) 50м и 100 м со оптички нишан- проба: 5мин (неограничен број куршуми), меч: 20 минути (20куршуми). Во сите дисциплини ќе се доделуваат награди посебно за (мажи- жени) со услов: најмалку 4 учесници по дисциплина, додаваат.
Натпреварите ќе се одржуваат во перидот од 10:30 до 14:25 часот. Котизацијата за една дисциплина ќе изнесува 500 денари, а за секоја наредна 300 ден. Еден натпреварувач може да се натпреварува во сите 4 дисциплини со уплата од 1.400 денари
Сите заинтересирани за учество на Туринирот може да се пријават на е-маил на [email protected] најдоцна до 11 септември, а право на учество ќе имаат сите учесници кои ќе уплатат котизацијата на ж- ска 250 000 301 790 391 Шпаркасе банка Охрид најдоцна до 13 септември до 14 часот.
Церемонијатата на прогласување, доделување на наградите и признанијата и затворање на турнирот ќе биде во периодот од 14:30 – 15 часот.
OhridNews