На 24 јуни во спортската сала Билјанини извори таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид организира меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2023“.
На натпреварот учество ќе земат околу 200 учесници од 24 клубови од Македонија, Чешка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, вели претседателот на Македонската Таеквондо федерација, Марјанчо Лазаревски.
Во сабота во 9 часот започнуваат борбите со замислен противник, па продолжуваат борбите спаринзи. Свеченото отворање е закажано за 15:30 часот, каде е предвидено обраќање на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков или претставник од општина, како и претставници од генералните спонзори. Предвидено е доделување плаќети на ВИП личности. Овој натпревар го организиравме по сите највисоки светски ИТФ стандарди, дата база, електронско судење, со можност за видео протест…, вели Лазаревски.
За сите љубители влезот ќе биде бесплатен за да имаат можност да ги гледаат натпреварувачите и да уживаат во убавините на овој атрактивен спорт.
Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен“ се организира трета година. Настанот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт, Општина Охрид и „ПН Метал“.
Н.С.Ј.