Денеска се одбележува Меѓународниот ден на белиот стап, глобална иницијатива што се прославува секоја година на 15-ти октомври. Тоа е ден посветен на признавање на значењето на белиот стап во животот на слепите лица и лицата со оштетен вид.

Овој ден служи како симбол на независност, мобилност и охрабрување за слепата заедница, како во Република Северна Македонија, така и во светот.

Белиот стап е помагало која им овозможува на слепите лица и лицата со оштетен вид да се движат со увереност и независност. Таа не само што ја симболизира слободата, туку и го прикажува успехот и можностите на оваа категорија на граѓани, се посочува во соопштението од Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија.

Низ територијата на Република Северна Македонија, секое од 18-те Здруженија на слепи лица, членки на Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија ќе организираат во рамки на своите општини различни настани и активности за одбележување на овој посебен ден.

Ова е ден за чест на силата и издржливоста на слепите лица и лицата со оштетен вид, да се промовира инклузивноста и да се нагласи важноста од еднакви можности за сите, се подвлекува во соопштението.

Иако Денот на белиот стап има силно историско и културно значење, тој исто така е потсетник на тековната работа потребна за создавање поинклузивно и подостапно општество за слепите и лицата со оштетен вид. Овој ден, нагласуваат од Националниот сојуз на слепи, го охрабрува општеството да ја прифати различноста, да ја промовира свеста и да ги отфрли погрешните сфаќања за слепилото.

Многу јавни згради, бизниси и транспортни системи не се достапни за луѓето со оштетен вид. Ова може да им го отежне движењето, пристапот до образование и можности за вработување и учество во општествени активности. Лицата со оштетен вид се соочуваат со дискриминација на пазарот на труд. Тие често се сметаат за помалку способни од нивните врсници со вид и тие може да имаат потешкотии да најдат работодавци, кои се подготвени да ги задоволат нивните потреби. Ова доведе до невработеност и сиромаштија, честа социјална изолација, потешкотии да се учествува во активности со пријатели и семејството и може да се чувствува исклученост од заедницата, осаменост и депресија. Ова се дел од проблемите со кои се соочуваат лицата со оштетен вид во нашата држава, вели во изјава за националната агенција МИА, Суарет Алишан, програмски кординатор во Коалиција „Менуваме“.

OhridNews