Стефан Стефаноски зеде учество на Меѓународниот Атлетски митинг “Отварање на ССезоната” што се одржа оваа сабота на Градскиот стадион во Скопје.
Отварањето на сезоната беше прилично успешно за Стефаноски – во неговата дисциплина, фрлање диск го потврди својот квалитет со освојување на првото место со резултат 46.30м. Стефаноски исто така зеде учество и во фрлање ѓуле каде го освои третото место со реџултат 9.89м.
Подготовлите продолжуваат и за претстојните натпревари и главната цел е подобрување на остварените резултати.
Г.М.