Струшкиот поет Димче Шипинкаровски доби меќународно признание и сертификат за посебен придонес и афирмација на македонската и црногорската книжевност од Меѓународното здружение „Неказано“ од Бар, Црна Гора.

Признанието, како што соопшти Здружението за литература и култура „Бран“ од Струга, чиј претседател е Шипинкаровски, му било врачено на седмиот меѓународен фестивал за љубовна поезија „Песник светисник“, на кој учествувале повеќе од 120 поети од Црна Гора, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија.

Поетот Димче Шипинкаровски настапи со својата песна „Момиче“, која е напишана на автентичен струшки дијалект и преведена на српски јазик, објавена во седмиот број од списанието „Песник – светионик“, а го издава Здружение за книжевност „Неказано“ од Бар, Црна Гора, стои во информацијата.

OhridNews