На 1-ви октомври со почеток од 10 часот на стрелиштето Бејбунар во Охрид за првпат ќе биде организиран Меѓународниот турнир Гранд При „Лихнидос 2023“ во спортско стрелаштво со огнено оружје: пиштол, револвер како и малокалибарска пушка со оптички нишан на 50 и 100 м во организација на Женски стрелачки клуб „Лихнидос“ од Охрид.

Учесниците ќе се натпреваруваат во дисциплините:

  1. Пиштол – 25 метри – Проба: 5мин (неограничен број куршуми) Меч: 10 минути (10 куршуми)
  2. Револвер – 25 метри – Проба: 5мин (неограничен број куршуми) Меч: 10 минути (10 куршуми)
  3. Пушка (мк) 50 метри со оптички нишан – Проба: 5мин (неограничен број куршуми) Меч: 20 минути (20 куршуми)
  4. Пушка (мк) 100 метри со оптички нишан – Проба: 5мин (неограничен број куршуми) Меч: 20 минути (20 куршуми).

Во сите  четири дисциплини ќе се доделуваат награди посебно за (мажи-жени) со услов: најмалку 4 учесници по дисциплина. Организаторот на учесникот со најдобар резултат во дисциплината со пушка 50 и 100 метри ќе му додели награда малокалибарска пушка – ZASTAVA M-56 22LR.

Доколку има пријава на натпреварувачи повеќе од предвидените, ќе бидат додадени дополнителни партии. Котизацијата за една дисциплина ќе изнесува 500 денари, а за секоја наредна 300 ден. Еден натпреварувач може да се натпреварува во сите 4 дисциплини со уплата од 1.400 денари.

Се молат сите учесници на Турнирот да го почитуваат Законот за оружјето- задолжително да носат дозвола за оружјето кое го поседуваат, да носат заштитни наочари и антифони. Секое непрописно однесување и непочитување на одредбите, како и безбедноста во ракувањето со оружјето ќе биде санкционирано со дисквалификација, велат организаторите.

Пријавување на е-маил на [email protected] најдоцна до 25.09.2023, а право на учество ќе имаат сите учесници кои ќе уплатат котизацијата на ж-ска 250 000 301 790 391 во Шпаркасе банка А.Д Охрид најдоцна до 28.09.2023г до 14 часот.

OhridNews

фото. Архива