Килијан Мбапе е новиот капитен на француската фудбалска репрезентација. Тренерот на „Триколорите“, Дидие Дешам, го избра 24-годишниот напаѓач на ПСЖ за наследник на Уго Лорис, објави „Л’Екип“.

Триесет и шестгодишниот голман одлучи да се повлече од националниот тим по Светското првенство во Катар во 2022 година. Французите стигнаа до финалето на турнирот, каде загубија од Аргентина во пенал рулетот.

Мбапе има 66 настапи за Франција и постигна 36 гола. Како дел од тимот го освои Светското првенство во Русија 2018 година.

Франција во петок на домашен терен ќе ги одмери силите со Холандија во квалификациите за ЕП 2024.

OhridNews