Кризата од паузата во фудбалот поради пандемијата на коронавирусот одма се почуствува на трансфер пазарот и вредноста на фудбалери. После долги години, двајцата генијалци Лионел Меси и Кристијано Роналдо не се на врвот и највреден фудбалер моментално е Килијан Мбапе.
Репрезентативецот на „триколрите“ и членот на Пари Сент Жермен ја преводи листата. Напредокот на Мбапе е очекуван бидејќи се работи за млад и пред се многу талентиран фудбалер. Францускиот репрезентативец талентот го демонстрира во сите натпреварувања и се смета за наследник на Роналдо и Меси. Вредноста на Мбапе на трансфер пазарот изнесува 180 милиони евра.
Втората позиција е резервирана за фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг. Англискиот репрезентативец е вреден 128 милиони евра. Со вредност од 127 милиони евра на третото место се наоѓа бразилскиот ас Нејмар. Неговата вредност има најголем пад, бидејќи пред неколку сезони во трансфер вреден 222 милиони евра од Барселона се пресели во Париз.
Во ТОП 5 се наоѓаат уште Садио Мане од Ливерпул со вредност од 120 милиони евра и Мохамед Салах од Ливерпул со вредност од 120 милиони евра. На листата Меси е деветти со вредност од 112 милиони евра, додека Роналдо не е во највредните десет.
OhridNews