Младата француска ѕвезда Килијан Мбапе и аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија во отсуство на Нејмар и Едисон Кавани го предводеа Пари Сент Жермен до голема победа на гостувањето на Олд Трафорд кај Манчестер Јунајтед. „Светците“ славеа со 2-0 и само чудо на мечот во Париз може да ги спречи да не бидат дел од најдобрите осум екипи во Лигата на Шампиони.
- Луѓето мора да престанат да се плашат и кога нашите најдобрите играчи не се со нас. Нејмар е наша главна алка, а Кавани е од големо значење, но фудбалот се игра на теренот. Тоа ние го покажавме вечерва. Тренерот ми даде некои нови задачи кои не сум ги имал претходно и мислам дека добро одговорив. Можев да постигнам уште еден погодок, но и со ваква победа од 2-0 обезбедивме одличен резултат. – изјави Мбапе.
Манчестер Јунајтед за реваншот не ќе може да смета на Пол Погба кој во финишот од осминафиналниот натпревар доби црвен картон. До тогаш би требало Кавани да се опорави и да го предводи нападот на францускиот шампион.
OhridNews