Фудбалерите на Пари Сент Жермен со 4-1 ја декласираа Барселона на „Ноу Камп“ во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Шампиони. Во центарот на вниманието беше Килијан Мбапе, кој постигна три од четирите погодоци за францускиот дрим тим.
Во Барселона допатувавме со цел да победиме. Ја остваривме целта победувајќи на многу добар начин. Одигравме многу добар натпревар но уште ништо не е готово. – изјави херојот на „светците“ Мбапе, кој потоа зборуваше за својата иднина во Париз. – Дресот на ПСЖ е оној кој најмногу го ценам и го носам во срцето. Но ќе биде глупаво да донесам одлука за мојата иднина после само еден натпревар. Таа одлука бара длабока анализа но секогаш говорам дека среќен сум во Париз.
Со трите погодоци на „Ноу Камп“, Мбапе изби на второто место на листата на стрелци во Лигата на Шампиони. Со гол повеќе од Мбапе се неговиот соиграч Нејмар, Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд) и Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед).
Реваншот во осминафиналето се игра на 10 март.
OhridNews
ЛШ: Мбапе и ПСЖ ја потопија Барселона, Лајпциг без шанси против Ливерпул (видео)