Италијанец (39) од работа си дошол порано и се вчудоневидел од глетката пред себе. Во својот кревет ја затекнал својата сопруга (37) во друштво со локалниот свештеник. Бесниот сопруг потоа се упатил во бискуповата канцеларија во Венеција, каде барал објаснување.
Подоцна дури и полицијата морала да го смирува вознемирениот сопруг. Бискупот Анџело Даниел потврдил дек свештеникот, кој бил добар пријател со парот, бил испратен на друго место.Бискупот исто така рекол дека секогаш го почитувал свештеникот и дека едно лошо дело не може да го уништи сето добро што го има направено.