Американката Сузан Велс од Калифорнија била изненадена кога дознала дека само неколку дена откако сопругот добил отказ, таа на наградна игра освоила куќа вредна два милиони долари.

“Не можам да верувам дека тоа се случи. Не морам ни воопшто да кажам колку е среќен и изненаден мојот сопруг“, изјавила Сузан. Куќата која ја освоиле на наградната игра се наоѓа северно од Сан Франциско.


Бидејќи парот веќе поседува куќа во Денвил, предградие јужно од Сан Франциско, и доколку не сакаат да се вселат во новиот дом, тогаш имаат можност во готовина да им се исплатат 1.2 милони долари.

Парот сеуште размислува што ќе им биде подобро да направат, а до конечната одлука ќе приредат забава со соседите на кои ќе се точи најубав шампањ.