Охриѓани денеска имаа несекојдневна можност во својот град да го видат дефилето на прилепската група мажоретки, проследени со оркестар и членови на КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп. Парадата помина низ охридската чаршија и продолжи по улицата „Димитар Влахов“. Гостувањето на оваа трупа е по повод верскиот празник Прочка кој е во недела, на 9-ти март. На овој ден во Прилеп се одржува интернационален карневал на кој ќе учествуваат мажоретки од повеќе држави во регионот. Врнежливото време го скрати настапот на мажоретките во Охрид, но не го расипа одличниот впечаток кој тие го оставија.
Мажоретките пријатно ги изненадија охриѓани
Јасминка Т. Момироска
Васко Бујароски
8-мо мартовска журка со Бајага во дискотека “Парк“
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=3&kat=17&id=3988