Научниците од универзитетот во Гранада, Шпанија, истражувале на кој начин говорот на телото кај мажите влијае на однесувањето на понежниот пол и дошле до неверојатни сознанија. Имено, ако се смеат, ќе добијат се што ќе посакаат. Како пример биле земени три случаи, во кои човекот со најширока насмевка и пријателски став, барал нешто од својата сакана. Во сите три случаи жените позитивно реагирале на говорот на телото и пријателскиот став.
Дури и кога „наредбата“ на мажите била спротивна од пријателскиот став, дамите се согласувле да ги исполнат желбите на своите мажи. Затоа, според авторите на истражувањето, дамите треба да бидат внимателни кога мажите им се смеат, бидејќи никогаш не се знае што им е на памет.