Истражувањето кое неодамна го извршила австралиската компанија Вестфилд покажало дека мажите се повеќе уживаат во купувањето. Резултатите на анкетата, чија цел била да ги востанови навиките на мажите и жените кога е во прашање шопингот, го побила распространетото мислење дека мажите не сакаат да шетаат по продавници. Имено, мажите одат во шопинг во просек два пати неделно и трошат повеќе од 1000 евра годишно за таа цел.

Пребирливи се и пред се даваат предност на квалитетот, за кој се спремни да платат повеќе, а нивни омилени брендови се Најк и Адидас. Кога купуваат, мажите често се служат со интернет, 49 проценти од нив за да ги проверат цените, 43 проценти за да го дознаат работното време на продавниците, а 33 проценти за да ја пронајдат нивната адреса. речиоси 60 проценти од мажите признале дека со самото влегување во продавницата знаат дека нешто ќе купат.