Мажите повеќе ги привлекуваат жени кои имаат слични црти на лицето со нивните, како што се бојата на очите или дупче на брадата, покажале резултатите на едно истражување спроведено од група француски научници од Монпеље. Научниците дошле до тие резултати откако најпрво побарале околу 100 учесници во истражувњето да изберат фотографии и слики кои биле реконструирани од компјутер, а сметајќи ги привлечни.
После анализата било констатирано дека околу две петтини од мажите биле привлечени од жени со иста боја на коса, очи, дебелина на усните, веѓи, но и присуство или отсуство на дупче на брадата, како и кај нив. Потоа било извршено истражување на 155 парови кои имаат најмалку едно дете заедно и било констатирано дека повеќето од нив имале исти физички карактеристики.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com