Една анкета во Велика Британија покажала дека секој четврти човек повеќе сака вештачки гради отколку природни. Анкетата исто така покажала дека 55 проценти од жените сакаат да ја променат големината или формата на своите гради, како и тоа дека една третина од мажите се подготвени да ја платат потребната хируршка интервенција на своите партнерки.


Сепак 90 проценти од жените побргу би се определиле за некоја од новите техники, отколку за традиционалните силиконски имплатанти. Скоро половина од испитаничките одговориле дека мислат оти силиконските гради би можеле да експлодираат при патувањето со авион.