Естетската хирургија на Балканот неочекувано брзо се развива, а интересот за неа е се поголем. Специјализираните болници во регионот ги следат светските трндови и не постои дел од телото што не се работи со естетека хирургија. Ова беше истакнато на Шестиот конгрес на Балканската асоцијација на реконструктивните, пластичните и естетските хирурзи што се одржува во Охрид.


Ова е прв пат Македонија да организира ваков собир, кој иако е со балкански предзнак е збогатен со интернационално учество, изјави Смиља Туџарова – Ѓоргова, претседатело на Конгресот и директорот на Клиниката за пластична и реконструктива хирургија при Универзитетската клиника во Скопје.Таа истакна дека Македонија располага со млади тимови кои на собирот ќе имаат можност да го збогатат своето знаење.


– Во областа на секое поле има нови достигнувања, така и во естетската и реконтруктивната хирургија има новини во работата, се воведуваат нови техники. Некои од нив, како што е промената на полот односно транссексуалните интервенции во нашата држава се уште не се изведуваат. Македонија располага со млади тимови и се надевам дека после овој собир сите новини во интервенциите што се работат во светот ќе можеме да го достигнеме и сите тие интервенции бидат применети во нашата земја, речеТуџарова. Промената на полот во светот е се повеќе барана, а споре естетските хирурзи интересот за ваков зафат е поголем кај мажите отколку кај жените.


На конгресот  учествува повеќе од 300 лекари, експерти по реконструктивна, пластична и естетска хирургија, од 19 држави од целиот свет.

Ohridnews