Едно неодамна спроведено истражување покажало дека жените многу подобро излегуваат на крај со разводот отколку мажите. Истражувањето открило дека мажите по разводот многу поинтензивно патат, се препуштаат на лошите чувства и не јадат како што треба. Во првата година по разводот, дури 48 проценти од мажите изјавиле дека се чувствуваат многу осамено, додека такви чувства имале само 35 проценти од жените.
Машкиот дел од популацијата е погоден и од финансиските промени, бидејќи најчесто мораат да обезбедат нов покрив над главата, а кога евентуално ќе запознаат нова жена, се плашат дека мораат да ја издржуваат новата партнерка, но и децата од бракот кои останале да живеат со мајката. Од друга страна, жените многу полесно продлжуваат понатаму и го оставаат минатото зад себе. За тоа придонесува многу поголемиот број пријатели кои обично ги имаат.