Спротивно на врежаното мислење дека жените се најголеми трачери, едно ново истражување тоа го побива и го окткрива сосема спротивното. Мажите се поголеми „оговарачи“ од жените и воопшто не знаат да чуваат тајна. Доколку нешто им кажете во доверба, тие веќе следната минута ќе го кажат на некој друг. Истражувањето спроведено на 2000 британци открива дека просечниот маж може да сочува тајна отприлика два часа и 47 минути, што е за 40 минути помалку од жените.
Секој десетти признал дека издал туѓа тајна во наредните десет минути откако му ја довериле. и покрај сето тоа, 92 проценти од посилниот пол за себе сметаат дека се луѓе од доверба. Што се однесува до видот на тајната, се воспоставило дека мажите најтешко чуваат тајни за прељуба на своите пријатели, туѓа лага или доколку колегите од работа имаат афера. Загрижувачки е тоа што туѓите тајни ќе ги откријат на барем пер различни луѓе, вклучувајќи ја својата девојка или сопруга, пријателите и колегите.