Австралиските научници почнале врз животни да тестираат интересна теорија со која спермата може да се складира за време на сексуалниот однос па да не мора да дојде до ејакулација. За разлика од досегашните контрацепривни пилули за мажи, ова истражување се обидува да го реши проблемот од потполно нов агол. контрацептивните пилули за мажи кои досега биле испробувани биле фокусирани на производство на нефункционална перма, меѓутоа, некои лекови имале драстични нуспојави како неплоднсот или пореметување во производството на сперма.

Затоа тим научници избрале поинаков пристап. Инаку, спермата непосредно пред ајакулацијата се исфрла од семеводите, а научниците од Австралија створиле генетски модифициран глушец на кој му било прекинато производството на протеини задолжени за исфрлање на спермата од семеводот. Спермата на овој начин по ејакулацијата останува на местото каде што била, а нејзиниот квалитет не е нарушен, а научниците велат дека сега преостанало овој зафат да се обидат да го извршат по фармаколошки пат, односно со помош на два лека. Се разбира, овој проект и понатаму е во почетна фаза, па е потребно уште многу истражување како би се дошло до успешна антибеби пилула за мажи.