На фестивалот на трчање со штикли кој траел дури две недели во Кина, биле организирани трки за мажи, жени и парови. Мажите морале да носат штикли повисоки од осум, а жените од десет сантиметри. Многумина биле возбудени бидејќи трчале во обувки кои не ги носат никогаш.


За среќа никој не се повредил. Натпреварувачите стари меѓу 18 и 55 години требало да трчаат напред и назад по патеката долга 20 метри и да прескокнуваат пречки.